ТРОЈЦА БАНДИТИ ОГРАБИЛЕ 5 МАЛОЛЕТНИЦИ НА БИТ-ПАЗАР Полицијата ги фати за 5 минути

Синоќа околу 23.30 часот полицијата ги уапси С.А.(19) од село Кондово и М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје, кои околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит-пазар со закана одзеле пари од 5 малолетници од село Кучевиште.

275

Полицијата уапси тројца млади лица од Кондово кои синоќа украле пари од малолетници кои чекале автобус на Бит-пазар. Полицијата ги фатила за 5 минути по делото.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, соопшти полицијата.






„На 16.4.2025 година околу 23.30 часот на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, Скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит-пазар со закана одзеле пари од 5 малолетници од село Кучевиште, Скопско. Откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка“, соопшти скопската полиција.

Поврзани содржини