По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје соопшти дека на 16 мај на Водно ќе има трки во предвидените термини.
Трките на Водно ќе се реализираат со почитување на мерките за држење дистанца и носење маска. Наместо масовен, ќе се организира старт во бранови при што ќе се запази мерката за држење потребно растојание меѓу учесниците. Пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласување на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, задржување и групирање на натпреварувачите. Максималниот број на учесници во трките е ограничен на 450 информира организаторот на трките.
Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е во тек преку веб страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk.