ТРКА ВО ПОЛЗЕЊЕ И ВО МЕНУВАЊЕ ПЕЛЕНИ Тридневна магија на Baby Expo 2025 исполнета со подароци од dm

Сите пријавени учесници добија прекрасни подароци од dm drogerie markt, за нивните најмали шампиони.

74

Од 24 до 26 октомври, трговскиот центар East Gate Mall во Скопје беше преполн со стотици насмеани семејства исполнети со весела енергија за време на најслаткиот настан во годината Baby Expo 2025.

Низ ходниците на трговскиот можеа да се видат насмеани и растрчани дечиња кои заедно со нивните родители ги посетуваа штандовите на водечките брендови за бебиња и за деца. Програмата беше исполнета со многу изненадувања и сите посетители можеа да добијат едукативни совети од експерти и да учествуваат во забавни активности.






Посебно внимание привлекоа трката во ползење на бебиња – Ползијада и натпреварот во менување пелени, кои донесоа многу смеа, радост и незаборавни моменти за родителите и за најмалите „олимпијци“. А вистинско задоволство беше што сите пријавени учесници добија прекрасни подароци од dm drogerie markt, за нивните најмали шампиони.

Фото: дм

Од пелени и влажни марамчиња, до купка, крем или лосион – нежната нега на производите од babylove, dm марка со висококвалитетни тестирани состојки е создадена да ја заштити чувствителната бебешка кожа. Кога зборуваме за бебешка грижа – babylove носи и практични сојузници за секоја мајка: од цуцли и шишиња, до мали аксесоари што го прават секојдневието полесно и повесело. A за исхраната на малите гурмани вистинско решение се вкусните органски babylove кашички, сокчиња, чаеви и крцкави закуски.

Baby Expo 2025 уште еднаш докажа дека кога ќе се спојат љубовта, грижата и семејната радост – резултатот е вистински незаборавно искуство исполнето со едукација, насмевки и топлина. Како општествено одговорна компанија dm, e секогаш тука гордо да ги поддржи проектите и настаните со инспиративни теми кои придонесуваат за среќно, здраво и хармонично општество.

 

Поврзани содржини