📽️ ТРИУМФИРАШЕ ВО МАЈАМИ, НОСЕШЕ ПАТИКИ СО МАКЕДОНСКИ НАТПИС Славески го собори Џони Тељо со голи раце

Гого Славески доминираше против Џони Тељо и со едногласна одлука на судиите ја запиша осмата победа во БКФЦ.

7

Горајн Славески уште еднаш го развеа македонското знаме во САД. Борецот со македонско потекло ја забележа осмата победа во борење со голи раце, откако во Мајами го совлада Џони Тељо со едногласна одлука на судиите.

За оваа борба, Славески настапи со специјално дизајнирани боксерски патики изработени од македонскиот бренд RVR Brand. Станува збор за уникатен рачно изработен модел, создаден во тесна соработка со самиот борец и инспириран од темата „Тивко е на ножот“.

 






Македонецот беше подобар во текот на целата борба. Во неколку наврати го испрати Тељо во нокдаун, но неговиот противник успеа да остане на нозе и да го дочека последниот гонг.

Славески го контролираше темпото од почетокот до крајот и не им остави многу дилеми на судиите при конечната одлука.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BKFC (@bareknucklefc)

Иако Тељо издржа до крајот на мечот, нокдауните и доминацијата на Македонецот беа доволни за убедлив триумф.

За Славески ова беше деветти настап во кариерата во БКФЦ и осма победа, со што продолжува да се вбројува меѓу најуспешните борци во организацијата.

Неговиот претходен триумф беше во декември минатата година.

Поврзани содржини