ТРИУМФ ПРЕД СТАРТОТ НА МУНДИЈАЛОТ Македонија со еден гол разлика го победи Израел
Македонија на СП ќе игра во Ф групата, во која се и Норвешка, Холандија и Аргентина. Првиот натпревар македонските репрезентативци ќе го одиграат на 13 јануари против Норвешка.
Македонската ракометна репрезентација триумфираше минимално против Израел во последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство. На „Кроација Куп“ во Пореч, избраниците на селекторот Лазаров победи со 38:37 (23:19).
Македонија, како и на натпреварот со Хрватска блескаше во нападот, но повторно не одигра добро во одбраната. Доминираа играчите на Кирил Лазаров во првите 20 минути, кога два пати имаа предност од седум гола (18:11, 19:12). На полувреме Македонија замина со 23:19.
Предноста од четири гола Македонија ја одржуваше се до финишот на натпреварот. Во последните пет минути Македонија влезе со 38:34, но до крајот не постигна ниту еден гол. Израел се доближи до 38:37, имаше и напад за реми кој не успеа да го искористи.
Како и против Хрватска најефикасни беа Дејан Манасков со 11 и Филип Кузмановски со шест гола.
Македонија на СП ќе игра во Ф групата, во која се и Норвешка, Холандија и Аргентина. Првиот натпревар македонските репрезентативци ќе го одиграат на 13 јануари против Норвешка.