Трите заболени деца од Скопје, Штип и Дебар имаат лесна форма на болеста
Тој апелираше до верските заедници, особено до оние кои ги повикуваат граѓаните да одат да ги посетуваат храмовите, па дури и со возила шетаат низ градовите, да се воздржат од тоа бидејќи масовни собирања се строго забранети.
Најмалото дете од Скопје со коронавирус е на домашно лекување, девојчето кое се лекува во инфективното одделение во болницата во Штип и момчето од Дебар кое има 15 години, а сите се во добра состојба во смисла на тоа да манифестацијата на болеста е во лесна форма – .изјави денеска министерот Венко Филипче.
Тој тврди дека мерките кои се применуваат кај нас даваат резултати – а тоа се изолација и тестирање по 14 дена, ако лицето претходно нема симптоми.
– Најдобро да се направи тестирање кога ќе помине периодот на изолација. Тестовите со кои располагаме не се 100 отсто сигурни, значи и таа сигурност од 99 отсто може да оставо можност за сомнеж. Но сепак овие тестови се најсигурни, а со епидемиолошката анкета, изолацијата и останати строги мерки и така даваат резултати – рече Филипче.