ТРИТЕ ОМИЛЕНИ ПАРФЕМИ НА ЛЕДИ ДИЈАНА Меган еден од нив носела на првото рандеву со Хари

1,249

Иако од нејзината смрт поминаа 24 години, принцезата Дијана сѐ уште е најинтригантна вест во сите светски медиуми. Секоја година на годишнината од нејзината смрт, излегуваат нови детали за животот и смртта на омилената принцеза, а многу жени сѐ уште го копираат нејзиниот стил на облекување и шминкање.

Модните експерти во Велика Британија честопати го споредуваат стилот на принцезата Дијана со стиловите на нејзините снаи-војвотката Кејт и Меган, а сопругите на синовите на Дијана го наследија и нејзиниот накит.






Меган Маркл, како што рекла нејзината сестра Саманта, на првото рандеву со принцот Хари го носела еден од омилените парфеми на принцезата Дијана.

Постојат различни тврдења за омилените мириси на починатата принцеза, а најчесто се споменуваат три мириси.

Принцезата Дијана на денот на венчавката со принцот Чарлс на себе го имала парфемот „Penhaligon’s Bluebell“.

Во позрелата возраст, Дијана, според наводите на нејзиниот поранешен батлер Пол Бурел, го обожавала „Hermès 24 Faubourg“, а како друг омилен парфем на леди Ди, се споменува Quelques Fleurs by Houbigant Paris.

Сите три мириси сѐ уште се во продажба.

 

 

 

Поврзани содржини