Трипуновски: Заеви се влезени во бизнисот со тутун и им одговара ниска откупна цена

Трипуновски смета дека и дозволениот увоз на тутун влијае на ниската откупна цена на тутунот во змејава.

784

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поради бизнисот на фамилијата Заеви во тутунскиот бизнис  и  дозволениот увоз на тутун нема решение за откупната цена на тутунот.

Цветан Трипуновски на прес-конференција пред влада рече дека тутунарите се по трет пат илзажани.






– Власта е виновна за ситуацијата затоа што дозволи увоз на тутун во Република Македонија. Тоа влијаеше цената да падне, и истата воопшто да не е рентабилна за нашите тутунари.Заеви се влезени во тутунскиот бизнис и затоа им одговара ниска цена. Помалку за тутунарите, повеќе за Заеви.
Заев намерно одолговлекува и не сака да се дојде до решение.Заев да сакаше да го реши проблемот со моменталниот откуп на тутун ќе ја зголемеше субвенцијата. – рече Трипуновски.

Тој ги соопшти предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на прашањето.
– Зголемување на субвенцијата за тутун 100 %, односно од сегашните 60, 70 и 80 денари субвенцијата да биде 120 денари за трета и четврта класа, 140 за втора и 160 денари за прва категорија тутун, со што ќе се надомести разликата која што во моментот им се случува на тутунарите. Пари за оваа намена има доколку им се скрати од непродуктивните трошења и луксузи кои што си ги изгласа во Буџетот за 2021 година.  Државата да интервенира со обезбедување пари и преку Тутунскиот комбинат „Прилеп“ да го откупи вишокот тутун до последното ливче. Под итна постапка да се измени Законот за тутунот и да се врати старото законско решение каде што е забрането увоз на тутун. Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места со што ќе го следат текот и откупот на тутун – рече тој.

Трипуновски додаде дека во овој случај Заев купува време со цел да го сузбие незадоволството на тутунарите и преку закани и уцени сака да ги замолчи.

– Додека се расфрла со пари за се и сешто, за тутунарите нема пари. Заев свесно носи глад и незадоволство помеѓу македонските тутунари – рече тој.

Поврзани содржини