Синоќа добив телефонски повици од земјоделците од општина Долнени и денеска сум овде во Заполжани да направам еден увид да видам што точно се случува и она што можам да го видам е дека навистина е жална ситуацијата. Најголемдел од леите во овој атар на ова село и околината на општина Долнени се уништени, околу 80 отсто од тутунот за расадување и во наредниот период ќе треба да се излезе во пресрет на овие земјоделци, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако овој реон вчера беше погоден од град.
– Тука ќе апелирам и до институтот за тутун и до откупните компании кои што имаат евиденција односн знаат кои земјоделци го расадиле тутунот ако има останато да се помогне на овие луѓе. Меѓутоа она што сакам да го упатам како критика од лице место е тоа што министерот Трајан и владата на СДСМ пред неколку дена промовираа систем за засејување на облаците против град и можам со сигурност да кажам дека првиот тест беше неуспешен. Она што вчера се случи е доказ дека можеби тој систем не е функционален или пак тоа се залудно потрошени пари – рече Трипуновски.
Тој рече дека колку што е информиран, тендерот кој што бил распишан за набавка за такво засејување на облаците чини преку милион евра, тоа се пари на земјоделците и граѓаните на Р.Македонија, а на лице место се гледа дека тоа е многу нефункционално.
– За сите постапки и целата онаа постапка како е набавена таа компанија за избор на засејувањена облаците против град во иднина ќе го проверуваме и ќе побараме одговорност за целата ситуација. Она што исто така доплнјтено ме загрижува е дека во наредниов период во текот на летото не дај Боже доколку имаме повторно вакви ситуации и во прилепскиот и во било кој дел на Р. Македонија таа интервенција која што ја најавуваше владата на СДСМ и министерот Трајан Димковски повеќе од очигледно е дека ќе биде неефикасна и нефункционална а тоа значи дека доплнително ќе се доведе до знак прашалник трудот на македонскиот земјоделец и целокупното земјоделско производство – рече Трипуновски.
.