Трипуновски: СДСМ кога дојде на власт направи катастрофални аграрни политики

330

Во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер гостуваше Цветан Трипуновски, претседател  на републичка комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство  на ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека од кога СДСМ е на власт земјоделието во Македонија е вратено години наназад.

Трипуноски појасна дека трудот на земјоделецот е како никогаш досега, потценет од оваа власт.






– Денес земјоделците не знаат како да преживеат. Во Македонија има 30.000 тутунари кои што се запишани во регистарот во министерството за земјоделств,о кога ќе го помножете со 4 члена во семејството доаѓаме до бројка од 120.000 наши сограѓани кои што живеат од оваа гранка. Изминатава година нивниот труд беше потценет од страна на владата на СДСМ – дополни Трипуновски

Според Трипуновски, СДСМ во предизборието ветувале многу проекти како загарантиран откуп и навремени субвенции, но ништо од ова не се исполнило.

Претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски рече дека СДСМ нема континуитет во политиките во земјоделието и дека во изминатите 4 години направени се  сериозни штети.

– Во Македонија  со доаѓањето на СДСМ на власт не само што нема континуитет и успех, можеме со сигурност да кажеме дека имаме враќање десетици чекори назад или години назадување во земјоделието. Еве и зошто СДСМ во предизборието 2016 година имајќи го во предвид фактот дека во Македонија преку 40 отсто од населението на директен или индиректен начин се занимава со земјоделство  ја искористи таа таргет група да понуди проекти кои што ќе бидат подобри, односно ќе донесат живот во Македонија. Ќе почнеме со субвениционирањето и сигурниот пласман како најголем проблем ветуваа гарантен фонд 6 милиони евра, навремено исплаќање на субвенциите сега после 4 години власт на СДСМ имаме назадување во тој сегмент – заврши Трипуновски.

Поврзани содржини