Состојбата со откупот на грозјето е алармантна. Бербата е во тек, а откупот нема или е по мизерни 6 – 7 денари по килограм. Ова е потврда за предадено грозје што го потврдува тоа. Како дополнителен заменик министер во МЗШВ за време на техничката влада во месец февруари предупредив дека власта нема концепт како да го реши откупот на грозјето и аларамирав да се отпочне со изнаоѓање на решенија, но СДСМ не послуша. Предупредив дека ќе се соочиме со криза при откупот, зошто власта нема концепт, рече на прес конференција Цветан Трупуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Дополнително на 25 мај поднесов Барање до секторот вино во МЗШВ и до ДИЗ да ми дадат податоци согласно закон, колку залиха на вино има во државата, барање на кое не ми беше одговорено. Тоа е податок според кој понатаму се прави стратегија за откуп, но кој власта одби да ми го достави. СДСМ немаше капацитет, а не прифати ниту помош. Ефектот денес е видлив – лозарите патат. Наместо во винариите и пазарите грозјето завршува на буниште – рече Трипуновски.