ТРИПУНОВСКИ И ИНСПЕКТОРИТЕ ВО КОНТРОЛА НА ОТКУПОТ НА ПИПЕРОТ Утврдија отстапување во цената кај некои откупувачи
Министерот им вети на земјоделците дека ќе се контролира откупот до предавањето на последниот килограм пиперка.
Кај дел од откупувачите има мало отстапување од договорената цена за пиперката. Согласно препораките на Инспекторатот сите ќе се коригираат, изјави денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во општините Могила и Кивогаштани каде што беше заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум во контрола на откупот.
Тој им вети на земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка.
-Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откупот – рече Трипуновски.
Во наредните денови, додаде Трипуновски, ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите на кој ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката.