ТРИПАТИ ГО МОЛЕВ ТРАМП ДА НЕ ГО НАПАЃА ИРАН Познатиот новинар му рекол на шефот на САД да прогласи победа

Летав за Вашингтон трипати во последниот месец за да се обидам да го убедам Трамп да не го прави тоа. Не успеа. Му предложив едноставно да прогласи победа по убиството на 86-годишниот верски лидер и да ги повлече силите, но некој го убеди во спротивното, изјави познатиот новинар Такер Карлсон во својата емисија.

2,772

Познатиот американски конзервативен новинар Такер Карлсон откри дека во изминатиот месец трипати го посетил претседателот на САД, Доналд Трамп, во обид да го одврати од покренување воени напади врз Иран, пренесуваат американските медиуми.

Карлсон истакна дека неговите обиди биле неуспешни бидејќи претседателот е опкружен со дезинформации.






– Летав за Вашингтон трипати во последниот месец за да се обидам да го убедам Трамп да не го прави тоа. Не успеа. Му предложив едноставно да прогласи победа по убиството на 86-годишниот верски лидер и да ги повлече силите, но некој го убеди во спротивното – изјави Карлсон во својата емисија.

Според неговите сознанија, на Трамп му се сервираат „лажни анкети“ според кои војната е популарна во сооднос 90 спрема 10, што не соодветствува со реалното расположение на јавноста.

Карлсон додаде дека во Белата куќа постои „информативен вакуум“ и дека претседателскиот тим не е свесен колку е војната против Иран вистински непопуларна меѓу граѓаните.

Поврзани содржини