ТРИНАЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ МИСЛИ ДЕКА Е ЛИСИЦА Сѐ повеќе млади низ светот се идентификуваат како одредено животно

Низ светот расте бројот на теријантропи – луѓе кои се идентификуваат како животни заробени во човечко тело. Меѓу нив и ова тринаесетгодишно девојче од Америка

407

Маќеа по име Џил бара совет како да се справи со нејзината 13-годишна поќерка која се идентификува како лисица. Имено, тинејџерката е териjан (териjантроп), односно личност која се идентификува како животно заробено во човечко тело.

„Таа носи маска и опашка и има канал на Јутјуб каде скока како лисица во навистина кратки шорцеви“, вeли Џил за поткастот The Dr. John Delony Show, кој се занимава со проблеми со менталното здравје и нуди насоки за врските, анксиозноста и благосостојбата.






Џил е загрижена бидејќи биолошката мајка на девојчето поттикнува такво однесување кај нејзината ќерка.

„Се обидувам да бидам сочувствителен во реалниот свет. Работев со млади луѓе цела моја кариера, така што ништо не ме изненадува, но поради фактот што има име за оваа состојба, се чувствувам како да живееме во зоната на самракот“, коментира Џон Делони.

 

Таа ја убедила својата полусестра дека е жирафа

Џил вели дека токму затоа му се обратила за помош.

„Јас сум целосно изгубена и шокирана. Проблемот е уште поголем бидејќи мојата поќерка ја убеди мојата деветгодишна ќерка дека е жирафа. Дали треба да го дозволам ова и кои правила треба да ги воведам во врска со интернетот, екраните и социјалните мрежи”, прашува очајната жена.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини