ТРИГОДИШНО МОМЧЕ СЕ ЗАДУШИЛО СО ГРОЗЈЕ Трагедија на грчкиот остров Тинос

Момчето било однесено до болницата со полициско возило, но, веќе било доцна, тоа починало.

1,559

Тригодишно момче се задушило од грозје и починало на грчкиот остров Тинос, пренесуваат грчките медиуми.

До задушувањето, најверојатно, дошло откога момчето јадело грозје, објави грчката „Прототема“.






Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓала во близина на семејната куќа. Таму му била укажана прва помош и од устата на момчето биле извадени неколку зрна грозје.

Момчето потоа било однесено до болницата со полициско возило, но, веќе било доцна, тоа починало.

Поврзани содржини