ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОДУШЕВИ СО ПОЗНАВАЊЕ НА ФОРМУЛА 1 На Тик-ток собра 2,7 милиони прегледи (ВИДЕО)
„Импресивно", гласи коментарот до неа од официјалниот Тик-ток профил на Формула 1 , тимот на Мекларен.
Тригодишно девојче ги воодушеви своите интернет-следачи со исклучителното знаење за возачите во Формула 1. Имено, нејзината мајка Кери Мејсон објави видео на Тик-ток каде може да се види како девојчето самоуверено ги наведува сите возачи по име и презиме.
„Импресивно”, гласи коментарот до неа од официјалниот Тик-ток профил на Формула 1 , тимот на Мекларен.
Нејзината мајка во коментарите откри дека омилениот возач на новата Тик-ток ѕвезда, е Макс Ферстапен. Видеото брзо собра над 2,7 милиони прегледи.
@kerry92mason 3yrs old and knows her #f1 drivers 🥹💖 #f1tiktok #maxverstappen #lewishamilton #f1drivers ♬ original sound – Kerry Mason