Трифун Костовски од Јовески: Дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес

Ми замрзнувате имот кој ми е печален пред 30-40 години. Водите истрага без никакви елементарни докази.

223

Трифун Котовски, сопственикот на пропадната Еуростандард банка, го повикува Јавното обвиителство да даде предност на истрагата што е поведена и да заврши, како што вели во повикот до јавниот обвинител, „овој небулозен процес“.

– Вашето Обвинителство покрена постапка против мене Трифун Костовски со која ми го замрзнавте имотот, поведувајќи истражна постапка против мене и мојот син Коста Костовски за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени обвинението врз кое ја темелите истражната постапка е нереално и нема никакви допирни точки со вистинското работење на Еуростандард банка. Ве молам дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес. Ми замрзнувате имот кој ми е печален пред 30-40 години. Водите истрага без никакви елементарни докази. Јас ве повикувам, бидејќи не успеав да дојдам кај Вас на разговор на оваа тема со цел на цивилизиран начин да искомуницираме на овој за мене невиден атак од мојата татковина Македонија. Ве молам ослободете ми го имотот за да можам да ја водам мојата војна за вистината -вели Костовски во повикот.

 

Поврзани содржини