ТРИФУН КОСТОВСКИ: Од никого „човекот со чисти раце” не добил поголема помош, отколку од мене!

Дали, ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ е свесен дека можеби никогаш во животот не би ја вкусил можноста да биде министер за финансии од 2003 година и гувернер на Народна банка од 2004 година? Дали памети дека вечерта помината во ресторанот Уранија, по неговото разрешување од министер за финансии, кога дојде заедно со неговиот ментор, и не тој, туку неговиот ментор бараше негово позиционирање на клучна позиција од која би можел да возврати на вложениот во него капитал? Дали добивањето на маркици и изградба на објекти на Плоштадот Македонија и тоа на државно земјиште е можеби твое дело?, пишува Костовски. За такви како тебе убеден сум дека во вистинска правна држава не би можел да бидеш тоа што си бил, а уште помалку да денес солиш памет. Твојата негативна енергија и омраза ти се извор за непресушно плукање!

1,407

Редакцијата на Плусинфо доби реакција од Трифун Костовски на последната колумна на Петар Гошев.

Реакцијата ја објавуваме во целост:






Човекот со чисти раце

Почитувани,

Вашиот колумнист, чие име не сакам да го споменам, а ќе го идентификувам како ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ, во континуитет објавува колумни од кои извира неговата омраза кон сѐ што во нашава држава е успешно и му додава нитки на уште поголема омраза со својот изопачен вокабулар.

Тој не ја говори вистината, тој манипулира со податоци, информации кои претпоставувам ги добива од нарачателот. Тој е човек кој што целиот свој живот е во политиката, во минатото во бившата ни СФРЈ, како и во денешна Република Македонија.

Неговото политичко дејствување секогаш било поддржано од неговите ментори кои имале свои цели, за неговите политички активности, и што тој конкретно треба да им испорача, како што и самиот вели во колумната од 06.10.2020, несомнено го признава горенаведеното, цитирам:

„Соопштувам, од овој акционер немам никогаш ништо побарано”. Евидентно се работи за политичар кој се научил да бара и зема, а никако да дава. А сега, за да бидат нештата појасни и ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ да си го знае своето место, изјавувам дека јас бев посредник за неговото именување на гувернер на Народна банка, ама не и ментор, бидејќи тие места ги заземаат други личности и институции чиј интереси и ден – денес ги брани, од веќе за мене познати причини.

ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ, со што им се оддолжил на менторите? Со обезбедување маркици во најцентралното градско подрачје? Да, почитувани, тоа се тие ментори и замислете стана главниот поборник во борбата против проклетството од веќе три децениската транзиција, а самиот тој е учесник во истата.

Дали, ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ е свесен дека можеби никогаш во животот не би ја вкусил можноста да биде министер за финансии од 2003 година и гувернер на Народна банка од 2004 година? Дали памети дека вечерта помината во ресторанот Уранија, по неговото разрешување од министер за финансии, кога дојде заедно со неговиот ментор, и не тој, туку неговиот ментор бараше негово позиционирање на клучна позиција од која би можел да возврати на вложениот во него капитал? Дали добивањето на маркици и изградба на објекти на Плоштадот Македонија и тоа на државно земјиште е можеби твое дело?

За такви како тебе убеден сум дека во вистинска правна држава не би можел да бидеш тоа што си бил, а уште помалку да денес солиш памет. Твојата негативна енергија и омраза ти се извор за непресушно плукање! 

Да потсетам, посебно да го потсетам членството на СДСМ , дека во 2002 година како независен кандидат, учествував и помогнав оваа коалиција направи историска победа. Моето појавување на политичката сцена во тој период беше главниот адут на СДСМ и неговата коалиција.

Индиректно му помогнав да ги вкуси во животот сите бенефиции и благодети, станувајќи Министер за Финансии во Владата на Црвенковски и 7 годишен мандат на гувернер во Народна банка.

Дали ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ сфаќа дека поголема помош во животот немал добиено од никого, колку што добил од мене. Не е ни прв ни последен кому сум му помогнал, бидејќи и покрај сите случувања, јас го продолжувам мојот пат да дарувам, а ти?… оди по ѓаволите.

 За волја на вистината, да, јас му се јавив за поддршка во овој случај, меѓутоа ЧОВЕКОТ СО ЧИСТИ РАЦЕ не ја говори вистината! Јас се јавив за поддршка, бидејќи и сега повторувам носењето на стечај на Еуростандард банка беше тенденциозно и по нарачка.

А, дека не ја говори вистината е фактот што тој неколку дена пред моето јавување за поддршка, тој самиот ми се јави и ги цитирам неговите зборови:

Стечајот на Еуростандард банка е завршена работа, чувај си го авторитетот”.

Мојот одговор беше: „Ако сум сакал да се коцкам со сопствените средства, би отишол во казино, а не би градел систем скоро две децении, кој требаше да служи на следните генерации од моето семејство”.

И на крајот, неговиот оглас за неговата куќа е смешен, човек кој што дава, не огласува. Не му замерувам, цел живот бил научен да зема.

Ова е последен пат на мое обраќање кон овој човек, бидејќи сметам дека и самиот се деградирам со ваквата комуникација. 

За ваквите луѓе Ал Пачино вели:

„Гopдоста и аpoгантноста се cлyги на ѓаволот. Ако нe можете да ги koнтролирате, ќе почнат да ве koнтролираат вас.“

 

Поврзани содржини