Трифонов: Ова се најфер избори досега

Поддршката добиена за „Има таков народ” е неверојатна - вели Трифонов.

690

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифонов објави на својот Фејсбук-профил дека денешниот ден бил добар ден за бугарската демократија, бидејќи според него ова биле најфер избори досега.

Таквиот негов став е поради новите изборни правила, јави дописникот на МИА од Софија. Според него, со правилата се ограничиле максимално купување гласови, корпоративниот глас и манипулациите со „мртвите души”.

– Поддршката добиена за „Има таков народ” е неверојатна – вели Трифонов.






Поврзани содржини