ТРИФОНОВ НЕ БИ ИМАЛ ГЛАСОВИ ДА ВЛЕЗЕ ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Петков и Борисов изедначени, Радев останува популарен

Речиси секој втор Бугар или 49,5 отсто испитаници поддржуваат нова влада без избори. Исто толку, околу 46,7 отсто, се за предвремени избори.

1,081

Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов нема да има доволно гласови за да влезе во парламентот, доколку утре се одржат парламентарни избори во Бугарија, вели најновата анкета на „Алфа рисрч“. Партиите на Кирил Петков и на Бојко Борисов се речиси изедначени со 20,2 отсто спрема 21,5 поддршка, јавува дописнкот на МИА од Софија.

Причина за ова, се наведува е падот на владата на Петков и уривањето на претседателот на парламентот, Никола Минчев. Претседателот Румен Радев изгубил 8 отсто од поддршката, но останува популарен со 43 отсто. БСП во моментов е трета партија во Бугарија со 11,5 отсто поддршка, Демократска Бугарија би 7,1 отсто, а Препород 7,9 отсто.






Речиси секој втор Бугар или 49,5 отсто испитаници поддржуваат нова влада без избори. Исто толку, околу 46,7 отсто, се за предвремени избори.

Поврзани содржини