Трифонов: Ако формираме влада ќе зависиме од други

437

Во видео коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, изјави дека не бега од одговорноста.

– ГЕРБ е прва, тие не успеаја да формираат влада. Не можеме да формираме стабилен кабинет бидејќи немаме потребен број пратеници и потребни ни се партнери за да се случи вакво нешто. Тоа е исто како на камиказа, кој не сака да изврши самоубиство, да му кажете ’ти си кукавица’. Во таква ситуација, не можеме да формираме кабинет – категоричен е Трифонов.






Според него, формирањето влада што ќе дејствува како малцинска ќе зависи од оние кои се дел од нешто против што тие се борат како партија.

-Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат – рече Трифонов.

Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од „докажаните компромитирани политички субјекти, кои се алчни“

Поврзани содржини