ТРИ СУПЕРТАНКЕРИ МИНАА НИЗ ТЕСНЕЦОТ Делумна нормализација по минувањето на кинеските бродови
Три супертанкери со капацитет од по два милиони барели нафта ја поминаа Ормускиот Теснец, сигнализирајќи делумно смирување на енергетските тензии.
Три супертанкери денеска успешно поминаа низ Ормускиот Теснец, што укажува на делумно нормализирање на поморскиот сообраќај по примирјето меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, како и почетокот на мировните разговори во Пакистан.
Податоците од бродските системи покажуваат дека либерискиот танкер „Серифос“ и два танкери под кинеско знаме – „Косперл Лејк“ и „Хе Ронг Хаи“ – влегле и излегле преку алтернативна рута што го заобиколува иранскиот остров Ларак.
Секој од овие бродови има капацитет од околу два милиони барели нафта.
Се очекува „Серифос“, кој транспортира сурова нафта натоварена во Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, да пристигне во малезиското пристаниште Малака на 21 април.
Другите два танкера превезуваат ирачка и саудиска нафта и се ангажирани од „Unipec“, трговската филијала на кинескиот енергетски гигант „Sinopec“.
Иранската блокада на Ормускиот Теснец, клучна за околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта и течен природен гас, предизвика сериозни нарушувања на енергетските пазари и раст на цените по почетокот на конфликтот.