ТРИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ИСТ ДЕН Жртвите ги пријавиле насилниците во полиција
Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.
Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.
Синоќа 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.
Во вториот случај, пак, 20-годишна жена пријавила дека околу 6.00 часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А..
Во третиот случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д. Нападот се случил околу 1.30 часот во Прилеп.
Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.