ТРИ ПОЖАРИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ Пожарите зафатија шуми и села низ цела Македонија

Осум пожари ја зафатија Македонија, три и понатаму беснеат, а еден е ставен под контрола.

103

На територијата на Македонија до пладне регистрирани се вкупно осум пожари на отворен простор, од кои три се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Повеќето од нив зафатија шуми и ниска вегетација, а пожарникарите и надлежните служби се на терен.

Во општина Македонски Брод, во заштитеното повеќенаменско подрачје „Јасен“, гори мешана шума, а огнот сè уште не е ставен под контрола. Слична е состојбата и во општина Студеничани, каде пожарот се шири помеѓу селата Драчевица и Цветово, зафаќајќи мешана шума и ниска вегетација. Третиот активен пожар е во општина Липково, во близина на селото Лојане, каде пламените јазици зафатиле борова шума.






Пожарот во општина Јегуновце, кој се прошири помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, зафатил нискостеблеста мешана шума, но истиот е ставен под контрола и се спречува негово повторно активирање.

Во текот на изминатите часови изгаснати се четири пожари на различни локации. Во село Љубанци, општина Бутел, беше зафатена ниска вегетација и дел од мешана шума, додека во струшкото село Долна Белица изгореа делови од стрниште.

Поврзани содржини