Три пати брои, еднаш купи вакцина – со ова мото Македонија набавува вакцини за ковид

Се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така што не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Заев.

860

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека при набавката на вакцини против ковид-19 се прави одмерување за да не се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани кои ќе се пријават за вакцинација.

– Прво не се работи за никакво игнорирање, ние секојпат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи, пред сѐ, за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со „Фајзер“ и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800.000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓаните од Република Северна Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање затоа зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.






Тој посочи дека со тоа што е уплатено или договорено со Кина, со понудата од соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани.

– Такашто се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стратешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за „Фајзер“, „АстраЗенека“ или за „Синофарм“ или за „Спутник“ од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги искалкулирате сите количини. Се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така што не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините – рече премиерот Заев.

Поврзани содржини