Три нови летни сцени во Градски парк

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

571

Град Скопје денеска од 19 часот огранизира „pop up“ изложба на отворено на која ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.






Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација.

– Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да го запазиме принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот -велат од Градот.

Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје.

Поврзани содржини