Три нови игралишта се градат во Општина Аеродром

Градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните работи во паркот „Нинрберг“ во Ново Лисиче.

425

Почна изградбата на новите детски игралишта на неколку локации во Аеродром кои што неодамна беа најавени од општината.

Градоначалникот Златко Марин изврши увид во градежните работи во паркот „Нинрберг“ во Ново Лисиче, една од локациите каде што ќе се гради детско игралиште. Нови детски игралишта се градат уште на две локации, и тоа на ул. Методија Шаторов – Шарло зад градинката „Калинка“ во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“ меѓу трите кули.






– Овие активности се дел од проектот за уредување и реконструкција на сите детски игралишта на целата територија на општината и во насока на обезбедување безгрижна и безбедна детска игра – изјави градоначалникот Марин.

Поврзани содржини