Три недели доцни специфичниот лек за ковид-19 што го најави Филипче

Зошто овој лек сè уште не е пристигнат во земјава, одговор побаравме од Министерството за здравство, од каде што кратко ни одговорија дека набавката е во тек.

390

Скоро три недели поминаа од терминот кога во земјава требаше да пристигне специфичното антитело што е наменето специјално за лекување пациенти со ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче на први април годинава соопшти дека лекот против ковид-19 ќе пристигне за 14 дена, а како што објасни тогаш, станува збор за антитело кое делува против ковид-19 поради тоа што се врзува таргетирано токму за вирусот.






Зошто овој лек сè уште не е пристигнат во земјава, одговор побаравме од Министерството за здравство, од каде што кратко ни одговорија дека набавката е во тек.

– За коктел терапијата, набавката е во тек. Постапката оди преку Светска Банка – одговорија од Министерството за здравство, но не објаснија зошто доцни пратката.

Поврзани содржини