ТРИ МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКО ЕДЕН „БМВ“ НА ЗАЕВ Мицкоски во Неготино вети дека ќе го врати достоинството на лозарите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави повеќе од 14.835 проекти, 2000 улици, повеќе од 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина, 150 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали за младите, гасификација.
Зошто велам дека Заев и власта се најлошото? За тоа што тоа што се случува изминативе четири години навистина направија да сите ние се чувствуваме буквално најлошо. Не само овде во Неготино, туку низ цела Македонија и тоа можете да го слушнете буквално од секој еден граѓанин. Ја започнаа оваа кампања за локалните избори со можеби најголемата лага досега што ја смислиле, а тоа е дека биле најдоброто во Македонија и најдоброто во секоја општина во Македонија. Како што впрочем прават сите овие четири години откако се Влада во Македонија, реч Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Неготино.
Мицкоски потенцираше дека слоганот на власта за најдоброто од вашата општина, всушност е најлошото затоа што со СДСМ, Македонија ниже порази и Македонија е најкорумпираната земја во Европа, но и дека е најлоша во справување со пандемијата и тоа заради неспособноста на Заев и Филипче.
– Денеска имаме најголем број на починати од Ковид пандемијата, на врвот сме во Европа на наши сограѓани кои го загубија својот живот од ковид пандемијата. 14 луѓе изгореа живи, 14 луѓе во Тетово ги загубија своите животи и до ден денеска после неколку недели нема ниту еден човек кој ќе се охрабри да понесе орговорност преку неотповиклива одставка, туку се обидуваат преку политички трикови и го слушаме Заев кој вели дека нема потреба од оставки, дека тие направиле премногу и ќе чека некаква истрага. Но нема бегање од вистината, а тоа е дека 14 луѓе гореа поради неспособноста на Венко Филипче, пораид неспособноста на Зоран Заев, затоа што пуштија во употреба објект кој не требаше да го пуштат – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека власта е најдобра во една работа, а тоа е само во издавање на пасоши на нарко дилери.
– Нема нарко бос кој нема македонски пасош, а денеска вие кога ќе отидете да извадите пасош мора да чекате со денови за термин за сликање, а потоа и денови да добиете пасош. Имаме вицепремиер за борба против корупција, кому најголемо достигнување му се десетици килограми запленет путер со изминат рок. Имаме генерален секретар на влада кој четири години местел тендери, за да денеска под превезот на тоа дека е во куќен притвор си се шета слободно – посочи Мицкоски.
Мицкоски рече дека достоинство за земјоделците е на најниско ниво.
-Се сеќавате на оние ветувања кога велеа дека ќе донеселе живот, ќе обезбедиле најдобри услови за работа на земјоделците, а вчера доаѓам од Ресен и таму некој ден пред, односно во понеделникот Зоран Заев се паркираше со најновото патничко возило од марката БМВ кое што верувале или не чини ни повеќе ни помалку точно три милиони килограми квалитетно ресенско јаболко. Точно три милиони килограми. Денеска еден килограм во Ресен се купува по два денари. Не е ни подобра ситуацијата во Тиквешијата, кај лозарите, го видовме нивниот револт, не е ни подобра ситуацијата во Кочани и кочанско кај оризопроизводителите. Буквално насекаде гледаме порази, насекаде гледаме понижувања. Далеку од тоа дека е најдобро, напротив најлошо – нагласи Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека победа е кога ќе се спасат 14 човечки животи, кога ќе може да се коригираме, победа е да има одговорност кога треба, победа е да не се откажуваме, да создаваме да работиме и да одиме напред.
– Во нашата програма за која гарантираме дека ќе ја оствариме ќе најдете повеќе од 14.835 проекти, 2000 улици, повеќе од 100 градинки, 150 училишта, инвестиции во животната средина, 150 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали за младите, гасификација и уште многу други работи – нагласи Мицкоски.
Мицкоски на крајот посочи дека власта немајќи што да понуди се занимава со навреди, бидејќи им се гледа стравот во очите од поразот и одговорноста и затоа ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат и масовно да дата поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Стојанов.