Три медицински сестри од Струмица се позитивни на ковид-19

Барам од Министерството за здравство да ни дозволи прием на сестри со договор, а исто така очекуваме да биде прифатено и нашето барање за распоредување на лекари и сестри од други болници во државата во нашата - изјави директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

386

Три медицински сестри од новоотворениот Оддел за инфективни болести во Струмичката болница се позитивни на коронавирусот, па вкупниот број заразени здравствени работници се зголеми на осум, од кои двајца се лекари, информираше директорот на болницата Наќе Гогов.

– И покрај тоа што ангажиравме персонал од други одделенија, сепак се чувствува потреба од дополнителен персонал, бидејќи бројката на новозаразени и на тие кои се лекуваат во болницата од ден на ден расте. Барам од Министерството за здравство да ни дозволи прием на сестри со договор, а исто така очекуваме да биде прифатено и нашето барање за распоредување на лекари и сестри од други болници во државата во нашата – изјави директорот, д-р Наќе Гогов.






Тој додаде дека од понеделник треба да биде проширен капацитот на новиот оддел за инфективни болести за уште шест кревети, кои треба да бидат поставени во поранешната ортопедска амбуланта.

Поврзани содржини