ТРИ МАЛОЛЕТНИ СТРАНЦИ ФАТЕНИ СО ШИШИЊА БЕНЗИН И ПЕТАРДИ Деца уапсени кај Ајватовски рид, се сомничат за подметнување пожари

Малолетниците биле приведени и во присуство на тим од Центарот за социјални работи и адвокат со нив бил извршен службен разговор.

2,945

Три малолетни лица странски државјани се фатени од полицијата во доцните вечерни часови кај месноста Ајватовски рид, во близина на скопската населба Илинден, со сомнителни предмети кои можат да се поврзат со подметнување пожар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полицајци од ЕВР Гази Баба околу 23:40 часот запреле тричлена група и извршиле преглед. Во ранецот на едно од лицата биле пронајдени две шишиња бензин (по 1,5 литри), две петарди, запалка и течен лепак, што веднаш ги вклучило алармите кај полицајците.






Малолетниците биле приведени и во присуство на тим од Центарот за социјални работи и адвокат со нив бил извршен службен разговор. Потоа, тие се предадени на надлежната институција за понатамошна постапка.

Поврзани содржини