ТРИ ЛИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО Фабриката за електронски отпад сѐ уште гори, токсичен чад над Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека управителот, сопственикот и уште едно лице се приведени поради пожарот во фабриката за електронски отпад во Трубарево.

1,321

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека три лица се приведени поради пожарот кој избувна во фабриката за преработка на електронски отпад во скопското село Трубарево.

Неофицијално, во полициска станица се наоѓаат управителот и сопственикот на погоните кои гореа, како и уште едно лице, а понатамошната постапка ќе се врши по насоки од Јавен обвинител.






Мерењата во непосредна близина на пожарот покажале дека има значително количество на штетни супстанци, но нема радиоактивно зрачење. Најзагрозени се граѓаните кои живеат најблиску до опожарениот објект во радиус од 150 метри, додека на 400 метри од изворот на пожарот, согласно мерните инструменти на Министерството за одбрана не е констатирано загадување.

– Препорачуваме на локалното население директно им се посочува да ги напуштат своите домови. Луѓето кои живеат до 400 метри ќе можат да се дислоцираат во центарот за обука во непосредна близина – изјави Тошковски.

За граѓаните Министерството за здравство ќе додели и заштитни маски поради токсичноста на воздухот во жариштето на пожарот.

Инцидентот во скопско Трубарево не е изолиран инцидент при што гореле отпади со електронски отпад во повеќе европски земји и станува збор за глобален проблем кој бара стандардизирани решенија.

Ваков тип на пожар прв пат настанува на територијата на Македонија, кога се запалил објект за рециклажа на електронски отпад.

Пожарот, кој започна во саботата рано попладнето во објектот на фирмата „Ф-Групација“, вечерва се распламти и зафати уште поголема површина од претходно.

Во текот на инцидентот, се зафатени и два други објекта во кои имало големо количество пластичен отпад. Над населеното место се издига густ и црн чад, кој најверојатно е токсичен, предупредуваат надлежните.

Состојбата во моментот се следи внимателно, а полицијата и пожарникарите продолжуваат со обезбедување на теренот и гасење на пожарот.

Поврзани содржини