ТРИ КЛУПИ СЕ „УДАВИЈА“, ЕДЕН ТОАЛЕТ СЕ „ОНЕСВЕСТИЛ“ Посетителите на Градскиот парк оставиле хаос зад себе (ФОТО)

Утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.

562

Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк, а тоа придонесе нашите екипи да соберат целе еден камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе, но како тоа да не беше доволно, па утрово наидовме на три фрлени клупи во езерото и еден превртен тоалет, реагираше ЈП „Паркови и зеленило“ на социјалната мрежа Фејсбук.

„Утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина. Упатуваме апел до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и да ги чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас“, се вели во реакцијата.






Поврзани содржини