ТРИ КАСНУВАЊА ОД КУЧЕ ВО ЕДЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ Постари граѓани од Аеродром, Кисела Вода и Автокоманда пријавиле во полиција

Сите три каснувања се случиле негде околу пладне, а жителите биле постари скопјани од три различни населби.

489

Три каснувања од улично куче скитник пријавиле три постари граѓани на Скопје во текот на вчерашниот ден и сите се случиле околу пладне. Околу 14:50 часот И.Г.(69) бил каснат на ул. Христо Татарчев во Кисела Вода, а само час порано, на ул. Владимир Комаров во Аеродром од куче скитник бил каснат и Ж.П.(73), исто скопјанец, пишува во билтенот на МВР.

Негде околу 13:30 часот Т.Н.(63) бил нападнат и каснат од куче скитник на ул. 16-та Македонска бригада во скопската населба Автокоманда.

Поврзани содржини