ТРИ КАПКИ ДОЖД ЌЕ ПАДНАТ И СКОПЈЕ Е НЕФУНКЦИОНАЛЕН ГРАД Граѓаните заглавија во сообраќајниот метеж
Во моментов е заглавен сообраќајкот пред „Рекорд“, веќе некое време стоиме во место. Ова е катастрофа. Еднаш ќе заврне дожд и сите излегуваат со своите автомобили, па еве што се случува, вели скопјанка.
„Три капки дожд ќе паднат и цело Скопје е блокирано“. Вака, утринава, ни изјави скопјанка во автобус на ЈСП, која се жали дека ќе доцни на работа поради сообраќајниот метеж.
Таа вели дека најголема гужва има на улицата Димитрија Чуповски кај „Рекорд“.
– Излегов од дома дури неколку минути порано, но сепак ќе доцнам на работа. Во моментов е заглавен сообраќајкот пред „Рекорд“, веќе некое време стоиме во место. Ова е катастрофа. Еднаш ќе заврне дожд и сите излегуваат со своите автомобили, па еве што се случува – вели Билјана Б.
Инаку, Центарот за управување со кризи при Град Скопје известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележува долж:
-бул. Александар Македонски кон клучката Континентал,
-мост Гоце Делчев кон бул.Илинден,
-бул. 3та Македонска бригада кон ул. Пролет,
-ул.Симеон Кавракиров кон ул Никола Карев,
-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,
-ул.Димитрија Чуповски кон бул. Свети Климент Охридски,
-мост Близнак во двете насоки,
-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров,
-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда,
-ул. Беласица во двете насоки,
-мост Беласица кон ул. Никола Карев,
-бул. Гоце Делчев во двете насоки, особено кон бул.Илинден,
-ул.11 Октомври кон Центар и обратно,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон к-ца со бул. Свети Климент Охридски.