ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТУРЧИНОТ КОЈ ГО УСМРТИ ШАБАН ШАУЛИЌ Семејството не може да дојде при себе (ВИДЕО)

Пред семејствата на починатите, обвинетиот се појавил криејќи се под качулка, со отворена тетратка пред себе со која го криел лицето.

3,551

Обвинет за убиството на фолк-пејачот Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирза Кериќ, Турчинот Алсин Левент беше сослушан во судницата во Гитерсло, Германија.

Пред семејствата на починатите, обвинетиот се појавил криејќи се под качулка, со отворена тетратка пред себе со која го криел лицето, а потоа рекол дека не се сеќава на околностите на несреќата.






Судот во Германија го осудил Левент на три години и три месеци затвор.

Додека адвокатот на семејствата на настраданите барал максимална казна од 4 години колку што е предвидено за вакви околности, адвокатот за обвинетиот предлагал казна од една година и осум месеци.

Според обвинителот казната е до 5 години затвор и напоменал дека го почитува фактот што обвинетиот ја признал вината, се покајал и донекаде бил ресоцијализиран.

Инаку во судницата дошло до инцидент кога синот на настраданиот Мирсад вербално го нападнал Левент и неговиот адвокат.

 

Поврзани содржини