ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПЛАНИРААТ ДА ГИ ШТИТАТ БРОДОВИТЕ ВО ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Се разгледуваат повеќе опции

По разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони Даунинг стрит објави дека лидерите се согласиле за „клучната важност на слободата на пловидба“ низ теснецот.

127

Велика Британија разгледува низа опции со своите сојузници за поддршка на трговските бродови што пловат низ Ормутскиот теснец поради заканите од Иран, изјави портпаролот на премиерот Кир Стармер, откако разговараа британскиот премиер и лидерите на Италија и Германија.

По разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони Даунинг стрит објави дека лидерите се согласиле за „клучната важност на слободата на пловидба“ низ теснецот. Тие, исто така, „се согласија за тесна соработка во наредните денови во однос на иранските закани“.






-Работиме со нашите сојузници на низа опции за поддршка на комерцијалниот поморски сообраќај низ теснецот, во согласност со развојот на ситуацијата со заканата – рече портпаролот.

Поврзани содржини