ТРИ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ КОНКУРИРААТ ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ НА СТРУЈА Понуди на јавниот повик испратиле ЕВН, ЕСМ и грчката ЕДС
До објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%, информираа од владината прес служба.
При отворањето на понудите, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.
Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец“ – стои во соопштението.