ТРИ ДЕНА „СТОП“ ВО ЗАМЕНА ЗА 15-ТИНА ЗАЛОЖНИЦИ? Нетанјаху ја отфрла можноста, но функционери од Египет велат „нацртот е готов“

Според Би-Би-Си, кој се повика на свој извор, спор во преговорите имало околу времетраењето на паузата и ситуацијата на северот на Газа. Додека израелскиот премиер Нетанјаху ја отфрли можноста за прекин без целосно ослободување на заложниците, египетски функционери велат дека имаат нацрт-договор и дека вакви кратки прекини може да има и во иднина.

745

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрлил можноста за  прекин на огнот во Газа сѐ додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи групата Хамас. Истовремено, светските медиуми пишуваат дека Израел, Египет, Катар и САД преговараат за тридневен прекин на огнот за ослободување на 10 до 15 заложници од Газа од кои повеќето имаат странски пасоши.

Меѓу заложниците, според извор за АФП, се и шестмина Американци. Исто така посредниците би добиле комплетен список на киднапираните.






Изворот навел дека паузата во борбите би била направена „за да му се даде подолг временски период на Египет да достави хуманитарна помош“, како и да му се овозможи на Хамас да ги ослободи дузината заложници.

Според Би-Би-Си, кој се повика на свој извор, спор во преговорите имало околу времетраењето на паузата и ситуацијата на северот на Газа.

Двајца функционери од Египет потврдија дека се преговара. Договорот ќе овозможи повеќе помош, вклучително и ограничени количини гориво, да се достави до опколената палестинска територија за да се олесни влошената ситуација за 2,3 милиони жители. Преговорите се водат со посредство на Катар, Египет и САД.

Египетски функционер изјавил и дека посредниците го финализираат догворот. Доколку се постигне договор, на ист начин би можеле да се прават паузи и за ослободување на другите заложници.

Истовремено, постои несогласување околу тоа кој и како ќе управува со Појасот Газа по завршувањето на војната. САД ја отфрлија идејата на Нетанјаху дека Израел ќе биде одговорен за безбедноста на неодредено време. Во средата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека со Газа по војната треба да управуваат Палестинците.

– Тоа мора да вклучи владеење предводено од Палестинците и обединување на Газа со Западниот Брег под Палестинската управа – рече шефот на американската дипломатија на пресконференција во Токио.

 

 

Поврзани содржини