Три дена слеп радовишанец останал без леб во карантинот

491

Здружението на слепи лица во Штип преку проект финансиран од Владата – „Приспособување на слепите лица од источниот регион на тешките услови, кој ги наметна кризата со ковид-19“, ќе ги надминува психолошките и економските предизвици.

Претседателот на Здружението Драги Витанов истакна дека од денеска ќе почнат трибините на кои членовите ќе може да слушнат експерти од неколку области. Тој истакна дека коронавирусот го наруши животот на сите граѓани, но слепите лица се соочиле со низа проблеми, а особено оние кои живеат сами.

Во текот на карантинските месеци слепо лице од едно радовишко село, кое од почетокот на годината живее сам бидејќи неговата сопруга починала, три дена било без леб и никој можел да му донесе. Витанов рече дека е разговарано и со локалната власт и се надева дека наскоро ќе се надминат проблемите со кој се соочува нивниот член. Тој посочи дека како здружение ќе побараат обуки за професионални асистенти за слепите лица, по примерите на Скопје, Куманово и Битола.

– Слепите лица со самото тоа што се дома се осамени и дефинитивно имаат проблеми, физички толку можеби не, но психички многу повеќе. Во секојдневието чекаат некој да ги фати за рака и да ги изнесе надвор, а сега е тоа уште повеќе е изразено. Затоа што нема луѓе коишто би можеле да им помогнат, бидејќи сите се плашат од коронавирусот – изјави Витанов.

 

Поврзани содржини