ТРИ ДЕНА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ Доаѓа претседателот на Латвија
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс, на нашата држава, ќе има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.