ТРИ ДЕНА НЕ МОЖАТ ДА ИЗВЛЕЧАТ ЧОВЕЧКИ ТРУП ОД ДЛАБОКА ДУПКА На помош во Неготино пристигна стручна екипа од Скопје
Во моментов не е познато дали човечкото тело припаѓа на маж или на жена, а не е откриен ниту податок за физиономијата, ни за облеката на починатото лице.
Случаен минувач, планинар, уште пред три дена ѕирнал во бездната Просек во близина на Неготино и забележал човечки труп. Тој веднаш ја информирал полицијата, но како што дознава Плусинфо, човечкото тело сѐ уште не е извадено од дупката.
– На 27.03.2023 година во ОВР Неготино било пријавено дека во провалија кај место викано „Просек“ е пронајден човечки труп. Полициски екипи преземаат мерки за извлекување на трупот и расчистување на случајот – велат од МВР.
Во моментов не е познато дали човечкото тело припаѓа на маж или на жена, а не е откриен ниту податок за физиономијата, ни за облеката на починатото лице.
По завршување на сите законски процедури, откако телото ќе биде извлечено од бездната, МВР информира дека ќе го утврдат идентитетот на лицето.