Три деца на возраст од 3, 7 и 9 години тешко повредени во одделни сообраќајки

481

Три деца се повредени вчера во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје и во Прилеп, соопшти полицијата.

На крстосницата од улиците Марко Крале и Хо Ши Мин во Скопје, мопед „априлија рели“ управуван од Т.Б.(37) од Скопје, околу 13 часот удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет. По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.






Попладнето во 18.45 часот било пријавено дека во селото Батинци, Скопско, патничко возило „опел вектра“,  управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Во 16.30 часот било пријавено дека во селото Житоше, мопед „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, удрил во деветгодишен пешак. Пешакот бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани содржини