ТРИ БОДА ЗА ШАМПИОНОТ БЕЗ КАПКА ПОТ Болоња не се појави на натпреварот со Интер
Италијанските медиуми јавуваат дека причината за неиграњето на натпреварот е екипата на Болоња која била ставена во карантин поради појава на коронавирус.
Болоња не се појави на натпреварот од 20. коло од италијанскиот шампионат со Интер. Средбата требаше да се одржи попладнево на „Ренато Далара“ со почеток во 12:30 часот.
Италијанските медиуми јавуваат дека причината за неиграњето на натпреварот е екипата на Болоња која била ставена во карантин поради појава на коронавирус.
Така, тимот од Бергамо може да добие технички пораз.
Интер е лидер на табелата во Серија А со 46 бода од 19 натпревари, Болоња има 27 и се наоѓа на 10. место.