ТРГОВСКИ ЦЕНТАР И 2 ХОТЕЛА ПОГОДЕНИ ВО ОДЕСА Украинските воени сили информираат за 1 загинат и 5 повредени
Три проектили Кинџал, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“, изјави Сергеј Братчук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.
Трговски центар и 2 хотела биле погодени вчера во руските напади во пристанишниот град Одеса.
Три проектили Кинџал, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“, изјави Сергеј Братчук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.
– По ракетрниот напад хоспитализирани беа две лица- рече Братчук.
Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили потврди дека трговскиот центар бил погоден и со 7 други проектили. Во нападот биле повредени 5 лица, а едно лице загинало.