Трговијата со храна забележа раст на прометот од 1,8 отсто во март
Намалување на прометот е забележано во групата „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 12,7 %, а реално за 13,1 %),
Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, во март годинава во споредба со март во лани, е забележан раст на промет номинално за 3,5, а реално за 1,8 отсто, соопшти Државниот заво за статистика.
Намалување на прометот е забележано во групата „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 12,7 %, а реално за 13,1 %), во „трговија на мало, освен трговија со горива“(номинално за 4,6 %, а реално за 5,6 %) и „трговија на мало со автомобилски горива“ (номинално за 28,3 %, а реално за 23,6 %).