„ТРГОВЕЦОТ АПАСИЕВ Е НОВИОТ ГРУБИ“ Двајцата купуваат деловен простор по багателни цени, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Новиот Артан Груби е Димче Апасиев. Ќе потсетиме дека деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100.000 евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Од друга страна, Димче Апасиев исто како и Груби купува деловни простории по багателна цена. Имено, опозициската Левица купила имот во центарот на градот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица, кој е купен со договор во ноември минатата 2024 година за цена од 295.000 евра со ДДВ. Тоа значи дека, согласно овој договор, овој објект Левица на Апасиев го купила за 721 евро за метар квадратен. Додека пак цената која Град Скопје им ја пресметал за овој објект е 1.150 евра по метар квадратен, а данокот којшто партијата Левица го платила за купувањето на овој објект е во вредност од 739.285 денари. Освен тоа што Димче има мерак како Артан да купува деловни објекти по центарот на Скопје, втората заедничка карактеристика е што сакаат да купуваат за џабе. Трговецот Димче Апасиев е новиот Артан Груби. Левица не е ништо друго туку спаринг партнер од истото криминално лице за ДУИ-СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.