ТРГОВЕЦ ОД МАЛОПРОДАЖБА СТАНАЛ ДИРЕКТОР ВО ЕСМ? Црновшанин држел локален маркет, сега ќе увезува струја за државата

Според порталот, функцијата управител Црновшанин ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.

1,172

Мирсад Црновршанин е нов директор на подружницата ЕСМ Продажба која е задолжена да купува електрична енергија за државата и да ги продава вишоците, тврди Фактор во свој напис. Текстот вели дека тој е жител на село Лажани од Општина Долнени, а дека претходно работел како сопственик на локален маркет.

Според порталот, функцијата управител Црновшанин ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.






Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци беше отповикан на почетокот на годинава. Потоа на поранешно ЕЛЕМ Трејд за директор беше назначен Синиша Ивановски.

Владата со одлука веќе одобри 50 милиони евра помош за ЕСМ, а според планот за зимата компанијата ќе треба да произведува за четвртина повеќе струја од обичното за да ги задоволи потребите. Дел од 50 милиони евра се наменети и за купување на мегават часови од странство.

Поврзани содржини