Трговците задоволни: Владата ги поправи критериумите за користење на мерките

Треба да се разгледа и можноста за прекин на пресметката на казнени камати времено и да се одложи плаќањето на придонеси за 3 месеци, со можност за уште 3 месеци во согласност со состојбите, велат тие.

497

Oтстранети се недостатоците во критериумите кои ограничуваа искористување на економските мерките донесени од Владата во услови на пандемија, соопштија од  Трговската комора и Групацијата на трговци од сите градови во земјата.

Катерина Петровска од Групацијата на трговци рече дека со одлука на владата  се отстрани условот, со кој беше предвидено основачи и управители вработени да не можат да ја користат мерката, во насока на заштита на микро и малите фирми.






– Во секторот трговија работат 114. 240 лица од кои 19.550 не го исполнуваа условот да можат да користат мерки само поради ова ограничување, и како резултат на зеадничките напори, вчера попладне е тргнат овој критериум. Нашата порака беше јасна критериумите да се прилагодат за најпогодените да може лесно да аплицираат, да се изменат и прилагодат додека не е доцна за да може да ги користат сите на кои им се потребни. Треба да се разгледа и можноста за прекин на пресметката на казнени камати времено и да се одложи плаќањето на придонеси за 3 месеци, со можност за уште 3 месеци во согласност со состојбите – рече таа.

Според неа цената која ја плаќаат трговците, поради принудното неработење е превисока и очекуваат институциите да помогнат за да се надмине кризата без да пропаднат претприемачите што се задолжиле за да се самовработат.

–  Досега ги почитувавме сите законски прописи како даночни обврзници кои редовно си ги плаќаат обврските кон државата и затоа и нашите очекувања се претставниците на институциите да ни дадат поддршка кога ни е најпотребна – рече Петровска.

 

Поврзани содржини