ТРГОВЦИТЕ ЗА ХРАНА ВО ЈАНУАРИ НЕ ЗАРАБОТИЛЕ МНОГУ Прометот со храна и пијалаци е намален за 1,4 отсто
Прометот со автомобилски горива пак пораснал за 61, 5 отсто.
Прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во јануари е намален номинално за 1,4 отсто, а реално за 8,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот, пак во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во јануари годинава споредбено со истиот месец лани номинално е е зголемен за 12,8 отсто, а реално за 9,9 отсто. Во трговија на мало, освен трговија со горива прометот номинално е згоемен за 5,7 отсто, а реално за 0,6 отсто.
Кај прометот со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 61, 5 отсто, а реално за 25,6 отсто.